Одредби и правила

  • Слушателите ја посетуваат наставата според предвидениот распоред.
  • Piccadilly S го задржува правото да ја откаже групата доколку нема доволен број на кандидати, да го промени терминот или професорот во случај кога така наложуваат условите.
  • Слушателите треба редовно да ја посетуваат наставата, да пристигнуваат на време на часовите и да ги почитуваат членовите на групата и дисциплината на часовите.
  • Слушателите можат да го прекинат курсот поради болест или друга оправдана причина во договор со Piccadilly S .
  • Доколку без најава слушателот отсуствува или се откаже од курсот, должен е да ги плати часовите до денот на утврдување на неговото откажување.
  • Оценувањето се врши во текот на целиот курс преку континуирани вежби и завршни испити.
  • Диплома за посетување на настава со ниво одредено според Заедничката европска рамка се добива на крајот на курсот. Диплома се добива со посетеност од најмалку 70% од часовите или совладување на 60% од наставната програма.
  • Слушателите треба да ги почитуваат роковите за плаќање.
  • Piccadilly S не презема одговорност за оставените или загубени предмети во просториите на училиштето.
  • Слушателите се материјално одговорни за штетите што ќе ги сторат во просториите и на инвентарот на Piccadilly S.
  • За сите поплаки, жалби и секаков вид прашања и забелешки, слушателите се обраќаат кај својот професор или секретарот.