За Piccadilly S

Историја

Целата приказна почнува во 1994 кога беше отверено првото училиште кое беше меѓу првите училишта за странски јазици. Упорноста, креативнoста и големата посветеност на вработените резултираше со голем успех кај нашите слушатели кои воедно се нашата најголема реклама. Како што се нижеа успесите така училиштето доживуваше експанзија. Дологогодишната успешна соработка сo British Council во однос на подготовка за меѓународни испити и соработката со Cambridge University за организирање Pre-testing за следниве испити FCE,CAE,BEC,IELTS,TOEFEL итн. е уште една потврда за нашето успешно работење. Во 2010 година училиштето се сертифицираше согласно ИСО 9001:2008 стандардот за квалитет.

Нашето училиште нуди јазични курсеви по англиски, германски, италијански, шпански, француски, албански и македонски јазик за странци. Се работи по програми од Express Publishing, Oxford, MacMillan, Hueber, Klett, Cornelsen и др. Исто така нудиме секаков вид на превод.

Нашето училиште брои 15 дипломирани професори кои постојано се усовршуваат посетувајќи разни семинари обуки и слично. Наставата се одржува на 7 локации, од кои една во Крива Паланка и шест во Скопје, со повеќе од 20 училници кои што се опремени со аудио-визуелни средства, како и интерактивни табли за следење на наставата.

Кај нас следат настава деца од 5 годишна возраст и понатаму, средношколци, студенти и возрасни слушатели (во зависност од нивната заинтересираност). Групите се состојат од 7 до 12 слушатели. Детските степени се поделени според возраста. Со секојдневна проверка на знаењата и тестови во текот на учебната година се врши евалуација на постигнатите резултати. На крајот на степенот се полага финален испит и врз основа на постигнатите резултати слушателите добиваат диплома за завршен степен.

Работно Време

Часовите се одржуваат во текот на целата недела. Исто така имаме дежурна канцеларија во Автокоманда секој работен ден од 11.30 до 19.30 часот.

Месечен Надоместок

Нашето училиште нуди плаќање на рати, попуст на готовинско плаќање, семеен попуст, 20% попуст за изучување на втор јазик.